Малку сонце малку дожд - еве какво ќе биде времето утре

Утре во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Претпладне на места се можни слаби врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

 

17.09.2013 - 16:22

најчитано сега