Ерупција на вулканот Синабунг - евакуирани 10.000 лица во Индонезија

Околу 10.000 Индонезијци денеска беа принудени да ги напуштат своите домови откако вулканот Синабунг еруптираше, исфрлајќи пепел во височина од три километри.

Синабунг, што се наоѓа во северниот дел на островот Суматра во северозападна Индонезија, почна да исфрла пепел во неделата рано утрината, засипувајќи ги блиските села со пепел и мали огнени камења, по што се смири. Денеска на пладне, меѓутоа, тој повторно се активира, исфрлајќи густ облак од пепел на височина од три километри.

„Татнежот од ерупцијата се слушна во радиус од над 10 километри“, изјави вулканологот Хендра Гунаван.

Од неделата, па досега се евакуирани 9.420 лица, како што известува портпарол на локалните власти.

По моќната ерупција улиците, куќите и дрвјата биле покриени со пласт од сивкаста пепел, а жителите носеле маски и чадори, за да се зачуваат.

Вулканот беше „заспан“ приближно еден век, а се „разбуди“ во август 2010 година, по што во септември принуди 12.000 лица од регионот да ги напуштата своите домови

 

17.09.2013 - 16:04

најчитано сега