Човекот кој уби 12 лица во Вашингтон имал психички проблеми

Човекот кој уби 12 лица при вчерашниот напад во комплексот Нејви Јард во Вашингтон, каде се наоѓа Командата на Воената морнарица на САД, имал сериозни психички проблеми, страдал од параноја и несоница, соопштија полициски службеници.

Триесет и четири годишниот Арон Алексис,од август се лекувал заради своите психички проблеми, изјавија полициски извори, кои побараа да останат анонимни се додека трае истрагата.

Информацијата за неговото лекување е потврдена и од членови на неговото семејство.

Алексис работел во компанија што била изведувач на работи за Воената морнарица и не бил прогласен за психички неспособен за воена служба.

17.09.2013 - 16:01