Австрија: Непознат напаѓач усмрти двајца полицајци и возач на брза помош

Во централниот австриски град Анаберг, непознат напаѓач денеска уби двајца полицајци и возач на возило за брза помош.

Портпаролот на локалната полиција Карл-Хајнц Грундбок, истакна дека веројатно и трет полицаец е киднапиран од страна на напаѓачот.

Како што пишуваат медиумите 55-годишен крадец, кој почнал да бега откако ја забележал дека полицијата му се приближува, а потоа отворил оган и убил еден припадник на австриската специјална единица „Кобра“, еден полицаец и возач на медицинско возило.

Со цел да се спречи информирање на напаѓачот преку медиумите Австриското Министерство за внатрешни работи побара да не се даваат никакви информации во врска со овој случај. Сепак анонимен локален полицаец телефонски соопштил дека специјални единици ја опколиле фармата каде што се крие убиецот.

17.09.2013 - 15:18

најчитано сега