Сноуден номиниран за награда за човекови права на ЕУ

Поранешниот американски соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, денеска е кандидран за наградата Сахаров за „слобода на мислата“ што ја доделува Европската унија.

Сноуден, поради кого САД и Русија ги заладија односите откако Русите му дадоа азил заради неговото пребегнување од американската територија и издавање на голем број на тајни на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), возможно е дури и да биде награден од Унијата.

Тој се најде на листатаза можни добитници, заедно со Малала Јусафжаи од Пакистан, Рејот Алему и Ескиндер Нега (Етиопија), Алес Бјалацки, Едвард Лобау и Микола Статкевич (Белорусија), Михаел Ходорковски (Русија) на предлог на пратеничките групи на „Зелените“ и на европските „левичари“ (ГУЕ/НГЛ) во Европскиот парламент.

Откако овие кандидатури беа искристализирани на Комитетите за надворешни работи, за земји во развој и на Подкомитетот за човекови права при Европарламентот, на 30-ти овој месец ќе се одржи уште еден состанок по кој ќе се издвојат тројцата финалисти.

Лауреатот за оваа награда ќе биде избран на конференцијата на претседатели при ЕП, што на 10-ти октомври ќе се одржи во Стразбур, а лично ќе биде доделена наградата на 20 ноември, исто така во Стразбур.

17.09.2013 - 15:14

најчитано сега