Уапсен студент кој на Фејсбук најавувал голем терористички напад

 

Американската полиција уапси студент на универзитет во државата Масачусетс, кој на својот профил на Фејсбук се заканил дека ќе изврши голем терористички напад.

Осумнаесет годишниот Камерон Дамброзио напишал дека „може да убие повеќе луѓе отколку што имало жртви при нападот во Бостон“. 

- Ние сериозно им пристапуваме на ваквите пораки на социјалните мрежи. Уапсениот е веќе обвинет за терористичка закана, изјави портпаролот на полицијата во Масачусетс, Џоузеф Соломон.

Тој додаде дека во домот на Дамброзио е извршен претрес и бил конфискуван неговиот компјутер. 

најчитано сега