Вујановиќ: Наскоро ќе се реши статусот на Црногорците во Косово

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и неговата косовска колешка Атифете Јахјага денеска истакнаа дека очекуваат во најбрзо време да се реши прашањето за статусот на Црногорците на Косово, со што ќе се создадат услови за размена на амбасадори меѓу двете земји.

Tие се сретнаа во Драч, каде учествуваа на самитот на претседателите на Црна Гора, Албанија, Македонија и Косово.

Јахјага изјавила дека е во завршна фаза обезбедувањето на автентично претставување на црногорското малцинство на Косово и дека постои целосно расположение овој процес да се забрза.

Таа, како што се наведува, и честитала на Црна Гора и нејзината Стопанска комора за успешно организираната средба на претставниците на стопанските комори на Србија и Косово, со што се отвора можност за натамошно унапредување на економската соработка.

17.09.2013 - 14:52

најчитано сега