Млада девојка тешко повредена при судир на три возила на патот Штип-Карбинци

Синоќа во 21 часот и 45 минути на регионалниот пат Штип-Карбинци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода“ со штипски регистерски таблици управувано од 58- годишниот М.С од село Карбинци, патничко моторно возило „Фиат Палио“ со штипски регистерски таблици управувано од 21- годишниот В.Ш од селоЧардаклија, и патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со штипски регистерски таблици управувано од 29- годишниот Д.С од Штип.

„Во незгодата сопатникот од возилото „Алфа Ромео“ 20- годишната А.Ј од Штип се здобила со тешки телесни повреди по што со друго возило била пренесена во Клиничката болница во Штип, каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје“ велат од полицијата.

Поради вршење на увид од 21,50 до 00,30 часот сообраќајот бил  во прекин во двата правци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

23.07.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега