Инцидент во автобус на ЈСП - настрада малолетник, интервенираше полицијата

Во 23,15 часот во  Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека во Автобус на ЈСП бр.22, кој сообраќал на релација Центар –Волково, во близина на Поликлиниката - Ѓорче Петров, по претходна вербална расправија на две групи, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.

Притоа 17-годишниот Н.М. од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож и тоа две посекотини на десната нога, по што бил пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома.

Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот.

Две лица се приведени во Полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

22.07.2018 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега