Бездомник за пример: Нашол ранец со 41.900 долари и го вратил на сопственикот

Оваа приказна за бездомник од Бостон е дефинитивно доказ дека на светов сеуште постојат хумани и добродушни луѓе. Се работи за бездомник од Бостон кој во еден шопинг центар пронашол ранец со 41.900 долари, но верувале или не не ги зел туку ги вратил на сопственикот.

Во ранецот имало 2.400 долари готовина и 39.500 долари на чек. Во ранецот имало и паричник во кој сопственикот имал лични документи, па така и бил пронајден од страна на бездомникот.

Бездомникот се јавил и го повикал сопственикот, а засега не е познато дали за доброто дело бил награден.

 

17.09.2013 - 13:50
Фото: 
Дневник

најчитано сега