За малку ќе умрела поради суеверие - еве што се случило
Џулија Робертс видела дека во домот има пајак , но не сакала да го убие бидејќи тоа носело несреќа. Го оставила пајакот, кој подоцна ја каснал. Не обрнувала внимание на убодот се додека не се направил голем плик, а почнале да се создаваат и меурчиња околу местото.
„Лекарите ми рекоа дека отровот на пајакот можел да ја отруе и мојата крв. Тоа беше навистина страшно. Јас едвај можев да одам и почнав да паничам. Пликот стана огромен, и беше исполнет со жолт гној“, вели таа.
Џулија никогаш не се плашела од пајаци и не и било прв пат да остави пајак во нејзиниот дом.
„Не можам да верувам дека нешто толку мало може да предизвика толку многу штета. Можете да очекувате вакви случаи во Австралија и Африка, но не во Англија и не од домашни пајаци да се толку отровни. Овој пајак имаше посветла боја, имаше многу мало тело, но навистина долги нозе, но ништо невообичаено – ништо што би ме загрижило кога ќе го видам“, раскажува таа нагласувајќи дека не верувала дека толку мала работа може да предизвика толку многу болка.