На Милан Калиниќ му се заканува казна од три години?

Петок 13-ти за српскиот актер Милан Калиниќ бил навистина баксузен ден.  Актерот предизвикал сообраќајна несреќа каде што едно лице е повредено.

Бев во колона од возила кои стоеја на црвено светло. Кога се запали зелено светло, од спротивната страна доаѓаше камион кој вртеше лево накај Белград и застана на раскрсницата да го пропушти моето возило, а црвениот автомобил кој сакаше да го заобиколи, влета со голема брзина во мојата лента. Успеав само да видам како се удира во мене. Од силниот удар, удрив со главата во шофершајбна. Ми се створи магла, се фатив за глава и паднав. Ми требаше околу десет минути да се освестам, а за тоа време никој не ми пријде, па дури ни актерот кој ја предизвика несреќата- рекол повредениот во несреќата

„Во овој случај ќе мора да реагира јавен обвинител бидејќи не станува збор за сообраќаен прекршок. Имено, во случајот на Калиниќ тоа е кривично дело и му се заканува казна до три години затвор. Доколку се утврди дека делото е извршено од небрежност, може да добие и до една година затвор“, рекле од Комитетот за безбедност на сообраќајот.

17.09.2013 - 12:57

најчитано сега