Упаднал на Хјустонскиот аеродром и почнал да пука
Вооружен маж доцна синоќа упадна во Меѓунардониот аеродром „Буш“ во американскито град Хјустон и отвори оган од пушка марка АР-15 во делот за купување билети на Терминалот Б, по што се самоуби.
Како што соопшти локалната полиција, мажот истрелал два куршуми во воздух од пушката приближувајќи се кон пунктот за безбедносна контрола.
На нападот реагирал агент на Министертсвото за внатрешна безбедност, кој бил дел од службата за обезбедување на аеродормот и пукал кон вооружениот маж, но го промашил. По ова мажот извадил пиштол и се самоубил застрелувајќи се во главата.
Веднаш по инцидентот на неколку часа беа затворени сите терминали на Хјустонскиот аеродром.
Мотивите за овој инцидент засега не се познати.