Метеоролозите со вонредни информации: Подгответе се за мачно и спарно време

 

Метеорологот Славчо Попоски вели дека во недела ќе имаме нагло и големо затоплување на времето како и засилување на ветерот од југозападен и од западен правец,  а токму со ова ќе подпаднеме под влијание и на изразено југозападно и западно воздушно струење кое ќе услови транспорт на прашина и песок од Сахара, релативно висока влажност во воздухот која ќе услови многу мачно и спарно време.

 

„Многу лошо ќе влијае и наглата промена на времето и падот на температурите на воздухот кој ќе започне веќе од самиот почеток на следната недела. Особено од вторник температурите ќе опаднат речиси за близу 10тина степени, а циклонот Флоријан повторно ќе се интензивира, па така ќе има и дестабилизирање на времето кај нас која ќе го зголеми условите за врнежи, грмежи и условите за локално невреме“ - вели Попоски. 

Најтопло ќе биде во недела кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 39 степени.

 

 

 

19.07.2018 - 22:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега