Милошоски: Зошто Владата ја крие анкетата спроведена во јули

 

Пратеникот Антонио Милошоски преку статус на својот Фејсбук профил запраша „зошто Владата ја крие анкетата спроведена во јули“, на прашањето колку „Дали ќе излезете на референдум“.

„Зошто владата ја крие анкетата спроведена во Јули?!

На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31% одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи.

Мнозинството одговориле дека се за #бојкот.

Во Битола, на општинско ниво, само 22% од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи)“, напиша Милошоски.

 

 

 

19.07.2018 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега