Невремето во Мексико однесе 34 жтрви

 

 34 лица загинаа, а над десетина се повредени при лизгање на земјиште предизвикано од поројни дождови и поплави во источниот дел на Мексико.

Лизгањето на земјиштето е предизвикано во местото Алтотонга, во источната сојузна држава Веракруз, соопшти државната агенција за цивилна заштита.

Според извештајот на Националниот координатор за цивилна заштита во невремето животот го загубиле најмалку 34 лица.

Гувернерот на Веракруз Хавиер Дуарте изјави дека се евакуирани околу 23.000 лица, а околу 9.000 се пренесени во засолништа.

Тропската бура „Мануел“ во неделата го погоди крајбрежјето на Мексико, додека ураганот „Ингрид“ мина низ источниот дел на Мексико носејќи поројни дождови, одрони и поплави поради што беа евакуирани над илјада луѓе.

Пристаништето и меѓународниот аеродром во Акапулко се затворени како и автопатот што ги поврзува Мексико Сити и Акапулко поради поплави и одрони во југозападната сојузна држаава Гереро.

 

17.09.2013 - 12:45

најчитано сега