Турски авиони срушиле воен хеликоптер на Сирија

Турција спровела „казнена акција“ соборувајќи го сирискиот хеликоптер, што е оправдана од гледна точка на меѓународното право, бидејќи хеликоптерот го нарушил турскиот воздушен простор, изјави шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Сириски хеликоптер беше соборен вчера од турските военовоздухопловни сили на границата, откако хеликоптерот го наруши турскиот воздушен простор.

Давутоглу истакна дека Турција нема да прифати никакво нарушување на нејзините граници. - Ние сме одлучни да ги штитиме нашите граници и граѓаните до крај, рече турскиот министер.

 Неопходната информација за инцидентот беше предадена на НАТО, Советот за безбедност на ОН и генералниот секретар на ОН, додаде Давутоглу.

17.09.2013 - 12:31