Мицковски се огласи на Фејсбук откако си отиде од лидерската

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се огласи на Фејсбук откако ја напушти лидерската средба.

- Сакам да ве информирам дека ВМРО-ДПМНЕ беше дел од т.н. лидерска средба овде во ,,Клубот на пратеници’’, заедно со претседателите на повеќе политички парламентарни партии.

Навистина за нас не беше јасен концептот зошто сите политички парламентарни партии не се застапени на овој состанок. Добивме објаснување кое што навистина не можевме да го прифатиме во стилот во кој што ни беше објаснето.

Исто така како ВМРО-ДПМНЕ изразивме сериозен револт и негодување на девијантното однесување од страна на владините претставници, но и од парламентарното мнозинство во текот на вчерашниот ден кога на еден начин, неделовнички, на еден начин кој што досега не беше пракса во политичкиот живот во Република Македонија се утврди потребата од промена на Изборниот Законик без поддршка на најголемата опозициска партија, односно без поддршка на опозицијата, а се со цел да се намали бројот на потребни пратеници кога се усвојува составот на Државната Изборна Комисијата, од мнозинство од двотретинско 80 потребни на 61 односно на парламентарно мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ изразивме револт поради ваквото однесување ги кажавме причините поради кои што го напуштаме овој состанок на парламентарните политички партии кои што беа поканети.

Им се извинуваме од наше име на сите оние парламентарни политички партии кои што не беа дел од овој состанок. Навистина не бевме во можност да делуваме и во нивно име протестираме.

 

 

 

 

 

19.07.2018 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега