ГДУ: Опозицијата не смее да блокира, ниту власта да носи закони на сила

 

Едните блокираат, другите ја заобиколуваат процедурата и носат законски измени на сила. Каква слика за Храмот на демократијата – „демократија“ на дело, вели Граѓанско демократската унија (ГДУ) во партиското соопштение.

„Изборот на членови на ДИК со двотретинско мнозинство не смее да се претвори во контрпроуктивен инструмент за блокирање, но ваквите блокади не се решаваат со носење на законски измени на сила.

Сите вакви чекори не оддалечуваат од европските вредности. Граѓаните се заложници на „партиските интереси“.

 

Дијалогот, разумот и компромисот се основите на демократијата. А демократијата бара компетентни политичари.

Затоа апелираме до лидерите кога ќе седнат на заедничка маса, интересите на Македонија и интересите на граѓаните да ги стават на прво место.

Граѓаните се тие кои одлучуваат за својата земја и нивната волја треба да се почитува.

Но каква порака се испраќа со ваквото однесување и на власта и на опозицијата, без грам одговорност?

Државната изборна комисија мора да се формира, мора што поскоро да стартува прочистувањето на Избирачкиот список и да се почне со сериозни подготовки за реферндумот. Повикуваме на разум. Тоа им го должите на граѓаните“, порачува ГДУ.

 

 

 

18.07.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега