Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин

 

Владата на денеска одржаната седница ја усвои информацијата за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 - септември 2020 година.

Од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено Министерството за здравство.

Владата ја прифати и информацијата за почнување на подготвителни работи и претходна анализа за можноста за формирање Регионален проект за фракционирање на крвна плазма и безбедност во снабдувањето со крв. Подготвителните активности за овој проект е задолжено да ги почне Министерството за здравство. 

 

 

 

17.07.2018 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега