Обама и Рохани си размениле писма

Иранското министерство за надворешни работи денеска потврди дека иранскиот претседател Хасан Рохани и американскиот претседател Барак Обама размениле писма. Уште во неделата Обама изјави дека меѓу него и Рохани имало коресподенција, главно на тема Сирија. Во писмото Обама го поздравил изборот на Рохани на функцијата.

Портпаролот на иранското МНР Марзие Афхам изјави дека во писмото Рохани ги изнел погледите за различни теми, без да соопшти повеќе детали.

 Медиумите во САД пишуваат дека веројатно писмата се првиот чекор кон зајакнати контакти меѓу двете земји. Рохани најави учество во сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк овој месец и се очекува тој и Обама во ист ден да се обратат пред Собранието. Афхам изјави дека не е планирана средба меѓу нив.

17.09.2013 - 12:03

најчитано сега