44 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Иран

Во сообраќајна несреќа на западот на Иран загинаа 16 ирачки верници, а 20 се повредени. Полициски претставник на провинцијата Лорестан рече дека несреќата ја предизвикал возачот на автобусот, кој заспал зад воланот.

Многу Ирачани патуваат во Иран на аџилак, особено во посета на муслиманските шиитски свети места Ком и Машхад.

Минатата седмица загинаа 44, а повредени беа 39 лица во судар на два автобуса на автопатот меѓу Ком и Техеран, што беше најтешка сообраќајна несреќа во Иран во последните години.

 

Иранските патишта се меѓу најопасните во светот каде годишно загинуваат околу 20.000 луѓе.

17.09.2013 - 11:58