"Биди маж оженствени се" - билборди со чудни пораки се појавија во Скопје

Билборди со чудни и нејасни пораки на кои има цртежи од човечки фигури, се појавија пред околу една недела во Скопје, пренесе Вечер.

Сигурни ли сте дека утрово го облековте вистинскиот пол ?", Има една голема тајна за сексот: На многумина не им се допаѓа", Биди маж, оженствени се", Сите ќе умрете, некои после, некои сега", се само дел од пораките кои дел од граѓаните на Скопје ги зачудија, додека останатиот дел и ги навредија.

Како што објаснуваат дел од порталите, а пренесува Вечер, се работи за проект на авторот Велимир Жерновски кој претставува  уметничка критика на основните претпоставки на државотворноста и независноста.

 

17.09.2013 - 11:27
Фото: 
Вечер

најчитано сега