СДСМ: Граѓаните достоинствено го прославија историскиот успех

 

СДСМ со соопштение реагираше на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

На ВМРО-ДПМНЕ не и се битни ниту интересите на граѓаните, ниту иднината на државата, нивната единствена цел е одбрана на криминалот сторен од врвот на партијата.

 ВМРО-ДПМНЕ во очај полни автобуси со граѓани и ги принудува да го бранат криминалот.

 Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку условување за амнестија да ја закочи македонската иднина. Македонија оди напред.

 Граѓаните се цврсто определени за влез во ЕУ и НАТО и затоа достојно го прославија историскиот успех - покана за влез во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ.

 Граѓаните велат не за амнестија на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните велат да за членство во ЕУ и НАТО, граѓаните велат да за македонската иднина.

 

 

 

 

 

16.07.2018 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега