Групна тепачка во Скопје - интервенирала полицијата

Вчера околу 23:50 часот М.Џ. пријавил дека на улица „376" во Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот при што биле затекнати лицата А.М.(42), А.Љ.(37), С.В.(28) и А.Ф.(33) од една страна Т.И.(45), К.И.(36). Б.Ш.(45), Б.И.(25) и С.Ш.(22) од другата страна, сите од Скопје. 

Лицата со тврди предмети си размениле по неколку удари при што се здобиле со видливи повреди. Сочинети се девет записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Закон за прекршоци против јавниот ред и мир.

 

 

 

 

13.07.2018 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега