„Коста Конкордија“ целосно исправен по 19 часа работа

Инженерскиот тим, што работеше на операцијата за исправување на потонатиот туристички брод „Коста Конкордија“, објави дека бродот е целосно исправен по 19-часовна работа.

Нешто по 4 часот по локално време на островот Џилио се слушна сирена и началникот на италијанската служба за цивилна заштита Франко Габриели изјави дека бродот е во вертикална позиција и дека операцијата е успешно завршена.

Брродот Коста Конкордија со околу 4.200 луѓе на него потона по удар во подводни карпи крај островот Џилио во јануари 2012 година при што загинаа 32 лица.

 

17.09.2013 - 09:51

најчитано сега