Грчката полиција разби организирана меѓународна мрежа за фалсификување документи

Грчката полиција во Атина разби организирана меѓународна мрежа за фалсификување документи со седиште во Тирана.

Мрежата обезбедувала фалсификувани документи на работници и илегални имигранти за нивно префрлување во Европа и САД. Профитот од фалсификувањето документи надминувал десет милиони евра.

Грчките власти уапсиле тројца Албанци, меѓу кои и лидерот на криминалната мрежа. Меѓу другото запленети се над три милиони копии за визи за различни земји, а исто така и формулари за документи.

Криминалната група располагала со најмодерна техника за фалсификување пасоши за сите земји.

17.09.2013 - 09:54
Фото: 
Сител

најчитано сега