Путин ќе формира воена база на Арктикот

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе го обнови своето присуство на Арктикот и планира да формира воена база за патролирање низ водените патишта во Арктичкиот Океан.

Путин изјави дека 10 бродови пристигнале на Новосибирските Острови во Арктичкото Море откако Русија го потврди своето право на областа каде постојат големи извори на енергија, кои стануваат се подостапни како последица на климатските промени.

Рускиот претседател најави обновување на воената база на Новосибирските Острови, во источниот дел на Арктикот, која е напуштена на почетокот на 90-тите години на минатиот век.

 

Русија планира да ги истражи поморските патишта што водат од Атлантскиот Океан до Пацификот, како канал за испорака на нафта и гас на пазарите во Азија.

17.09.2013 - 09:49

најчитано сега