МВР со детали за автобусот кој вчера гореше на обиколница (фото)

Вчера околу 14 часот и 10минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколницата од село Сарај во правец на село Волково во близина на излезот за населбата Ѓорче Петров се самозапалил автобус „Неоплан“ со скопски регистерски таблици сопственост на правно лице од Скопје, а управуван од 38- годишниот  Ј.К  од Скопје. 

Од МВР велат дека во автобусот немало патници. Пожарот започнал во пределот на моторот и бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита.

Автобусот бил целосно опожарен.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

13.07.2018 - 11:38
Фото: 
„Ѕид на сообраќајниот срам“

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега