Охрид од утре домаќин на Балканскиот конгрес за рударство

Од утре па се до 21 септември во Охрид ќе се одржува петтиот Балкански стручно-научен конгрес од областа на рударството „Балканмине  2013“. 

Годинава конгресот ќе брои над 300 учесници. Експерти од 14 земји  ќе презентираат повеќе од 130  научни трудови, претставувајќи ги перспективите на рударството, како  и примената на  најновите технологии  во оваа стопанска дејност која е клучен двигател на економијата во земјите од Балканот.

Во рамките на конгресот ќе биде организиран и мал саем на компании од областа на рударството  присутни на пазарот во Република Македонија и во поширокиот регион. 

Главен покровител на „Балканмине 2013“ е  АД „Електрани на Македонија“,  а организатори се Здружението на рударски и геолошки инженери и Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“.

17.09.2013 - 09:33

најчитано сега