Напаѓач фрли петарди во дворот на Белата куќа

Само неколку часа по инцидентот кој ја потресе Америка, непознат маж фрли петарди во дворот на Белата куќа. 

Петардите биле фрлени преку северната ограда, а агентите за безбедност откако го слушнале пукањето  веднаш наредиле на новинарите да влезат во зградата.

Агентите за инцидентот успејаа да приведат еден маж.

Инаку, само неколку часа претходно имаше пукотници во зградата на командата на Морнарицата во Вашингтон, во која загинаа 13 лица, меѓу кои и напаѓачот.

17.09.2013 - 09:25