Најнова прогноза: Какво време не очекува во август

Најновите анализи за наредниот месец (август) укажуваат на тоа дека ќе имаме нешто пониски температури од нормалните за тој месец од годината, додека врнежите би биле нешто над просекот или треба да очекуваме повторно нешто повеќе врнежи во овој наш дел од европскиот континент, вели метеорологот Славчо Попоски. 

 

„Сепак и покрај ова не мора да значи дека не може да најдојде некој поизразен топлотен бран кој би условил високи температури на воздухот. Сепак во целост гледано барем засега некој екстремно топли и долги топлотни бранови и понатаму не можеме да очекуваме“ - вели Попоски. 

Додава дека и натаму ќе останат на оние анализи кои се со пократкорочен рок поради тоа што истите се далеку попрецизни. 

 

 

 

12.07.2018 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега