Заносната Моника Белучи ја откри тајната за својот изглед
Актерката Моника Белучи дефинитивно е како виното, како старее така е се поубава. Иако веќе ќе наполни 50 години, Моника изгледа совршено, а сега ја открива и тајната за својата убавина.
Преубавата актерка вели дека вежба, но не секој ден бидејќи сака да вежба и да биде во форма, но сепак според нејзините зборови, не е машина за тоа да го прави постојано.
-Почнав да вежбав кога родив. Не сакам да вежбам секој ден, а не секогаш внимавам и на тоа што го јадам. Не сум машина и не умеам да се програмирам, вели заносната Моника.
-Убавината е проблем ако сте глупави, но не и ако знаете да ја искористите. Знам многу убави луѓе, но нивните животи се страшни, бидејќи не им е јасно дека не е важно како изгледаат, туку како се чувствуваат, вели Белучи за магазинот „Стајл“.