Павлопулос: Предуслов за интеграција во НАТО и ЕУ е решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право
Решение на спорот со името, согласно историјата и Меѓународното право, е предусловот за нашата зенја да се интегрира во НАТО и ЕУ, смета грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос .
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Павлопулос во претседателската палата, денес прими група студенти од дијаспората и пред нив говореше за отворените прашања во грчката надворешна политика, меѓу кои и прашањето со Македонија.
- Се стремиме кон пријателски и добрососедски односи со ПЈРМ и во пракса покажуваме дека ја поддржуваме перспективата кон НАТО и ЕУ, но овде постои еден важен предуслов: решавање на прашањето со името согласно со историјата и Меѓународното право. За да се случи ова, како што имаме јасно кажано и тоа е позиција прифатена од НАТО и од Обединетите нации, треба, нашата соседна земја да ги направи неопходните промени во нејзиниот правен поредок, а најпрво во нејзиниот Устав, бидејќи Уставот каков што е сега не одоговара на предусловите, рече Павлопулос.
Грчкиот претседател истакна дека Атина чека, Македонија да ги исполни сите предвидени обврски, за потоа Договорот да биде ратификуван во грчкиот Парламент, но и за да пристапи кон ЕУ и НАТО.
- Посакуваме овој процес да има поволен исход, но одговорноста, како што сите знаеме, ѝ припаѓа на соседната земја, додаде грчкиот претседател.
Павлопулос говореше и за делот од Договорот во кој се разграничуваат грчката од нашата Македонија и историјата, цивилизацијата и културата.
-Ние сме тука за да им го олеснијме патот, но потенцирам, да не отстапиме ништо од она што ни припаѓа, согласно нашата историја и нашата култура, рече Павлопулос, пренесе МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа