Скандал во Чешка: Заменик-министер ја фалсификувал својата диплома

Помошник министерот во чешкото Министерство за финансии, Љубомир Томан, му завршува функцијата поради сомнеж за фалисфикат на неговата диплома за завршени економски студии,пренесе МИА.

- Томан, во рокот кој му го одредив не успеа да обезбеди било каков материјал со кој на сигурен начин би ја потврдил веродостојна на она што го студирал. Затоа, во согласност со моите принципи одлучив да го прекинам неговиот работен однос, рече министерот за финансии Јан Фишер.

Томан претходно работел на менаџерски позиции во повеќе чешки претставништва на интернационални компании. Аферата околу неговата стручна подготовка се појави, откако една комерцијална телевизија објави дека Економскиот универзитет во Братислава не ја издал дипломата која Томан откако беше назначен на функцијата помошник министер ја навел во својата биографија.

Тој негира дека неговото уверение е фалсификат.

17.09.2013 - 09:07