Никој не знае каде е сместен Сноуден
Едвард Сноуден живее под надѕор на тајна локација во Русија, но може да патува инкогнито и очекува посети на членови на семејството, изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
- Никој не знае каде е сместен. Тоа е сторено на негово барање, бидејќи сфаќаме дека нивото на опасност се уште е многу високо, рече Кучерена.
На прашањето дали луѓето го препознаваат Сноуден, адвокатот одговори дека досега никој не го препознал.
17.09.2013 - 09:05