Пендаровски: Граѓаните кои сакаат влез во ЕУ и НАТО под името Северна Македонија водат со 10%

Координаторот за НАТО, Стево Пендаровски вечерва гостуваше во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија каде откри дека според најновите анкети правени од Владата, граѓаните кои прифаќаат влез во ЕУ и НАТО под името Северна Македонија се повеќе за 10 до 12 отсто од оние кои се против.

-Нема никаква разлика на изјавата на Столтенберг денеска и онаа во јануари во Скопје. Пред десет години имавме една пречка, сега велат: бидејќи сега постигнавте договор со Грција, сега треба да го финализирате. Изборот на зборови е негов, но пораката е јасна и ја знаеме. Додека не се финализира Договорот со Грција, ние сме за оваа алијанса Поранешна Југословенска Република Македонија. Утре на тој свечен чин кога Стотелберг официјално ќе му ја даде поканата на Заев, ќе му даде и план за процесот на техничките подготовки во однос на одбраната и армијата. Еве ќе откријам дека според најновите анкети кои не се правени од Владата, но бидејќи немам авторизација да ги соопштам резултатите нема да кажам од кого се правени, разликата меѓу оние кои се за влез во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија е 10 до 12 отсто повеќе од оние кои се против, откри Пендаровски.

 

 

 

 

 

 

11.07.2018 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега