По НАТО самитот во Брисел средба меѓу партиските лидери за референдумот

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на НАТО самитот во Брисел, ќе побара поддршка од Христијан Мицскоски и останатите лидери на политичките партии во Македонија, објави ТВ24.

Премиерот во интервју за грчката АНА-МПА изјави дека по самитот ќе планира средба со сите политички лиери од кои ќе побара мислење за референдумското прашање.

Премиерот во интервјуто вели дека очекува граѓаните позитивно да гласаат на  и дека над 70% од граѓаните го поддржуваат референдумот.

„По НАТО Самитот ќе имамам средба во Собранието, сите партии, да го дефинираме датумот за референдумот, прашањето и карактерот за референдумот. Најверојатно ќе биде на крајот на септември или на почетокот на октомври. Се надевам дека сите ќе бидат мотивирани да придонесат за успех за референдумскиот процес“ - вели во интервјуто Заев.

Официјално од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не добиле покана за ваква средба, но како и досега така и сега немаат против лиерски средби и разговори со Заев.

 Од партијата на Мицкоски порачуваат дека опозицијата допрва ќе одлучува околку нивното учество на референдумот и поторуваат дека тоа ќе завси од референдумското прашање и условите.

 

 

 

 

11.07.2018 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега