Заев: Македонија доби покана да ги започне пристапните преговори за членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг потврди дека НАТО Алијансата денеска се согласи да и издаде покана на Македонија.

- Го поздравуваме договорот помеѓу Атина и Скопје и се согласивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне пристапни преговори, откако ќе бидат заоркужени сите внатрешни процедури за да се финализира договорот земјата ќе влезе во НАТО како 30-та членка, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по првата сесија на северноатлантскиот совет на Самитот на НАТО. 

Премиерот Зоран Заев се огласи на својот Фејсбук профил:

„Радувај се Македонијо!
Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени.

Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата.

Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми.

Денес е голем, историски ден, за Република Македонија.

Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја.

По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел“ напиша Заев на Фејсбук.

 

 

 

11.07.2018 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега