5.000 книги ќе ја збогатат Општинската библиотека Илинден

Општина Илинден успешно ја реализираше традиционалната 7-ма поред Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение. Благодарејќи на оваа манифестација која ги опфаќа образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, обезбедени се 4.500 книги.

Подарените книги се наменети за првата „Општинска библиотека Илинден“, со што ќе го збогатат библиотечниот фонд со нови содржини кои ќе ги надградуваат знаењата на студентите и учениците во Општина Илинден.

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден во Домот на култура „Илинден“ беа изложени 2013 украсени Велигденски јајца во знак на Двеилјадиитринаесето лето Господово, што се даруваа на секој посетител што подари книга.

Книги годинава подарија голем број на граѓани, учениците од основните училишта, повеќе издавачки куќи, преставници од бизнис секторот, повеќе општини, научни институции и факултети.

Досега во манифестацијата ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресениевкупно се собрани над 23.000 книги кои ги збогатија училишните библиотеки во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, а сега и првата „Општинска библиотека Илинден“.