Потврдена е поканата за пристапни преговори на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг со свечен дочек на сите земјi од Северно-атланскиот сојуз им посака добредојде на состанокот на самитот во Брисел, a пред почетокот го поздрави Договорот меѓу Македонија и Грција и ја потврди поканата за Македонија.

„Го поздравуваме постигнатитот договор за името меѓу Скопје и Атина, и во согласност со политиките на Алијансата, одлучивме да ја поканиме владата во Скопје да ги започне пристапните преговори за членство во Алијансата. Услова за тоа е целосна имплементација на сите пропишани внатрешни процедури кои се однесуваат на договорот за решението за името, а со тоа и за успешно окончување на пристапниот процес“, стои во соопштението.

НАТО притоа ги поздравува напорите на владата и постигнатиот напредок во низа итни реформи, и ја охрабрува да вложи понатамошни напори во реформите, пред и после пристапување во НАТО, со цел да го засили и својот придонес кон Алијансата.

„Ги повикуваме сите политички лидери во земјата да имаат конструктивна улога во овој процес, и во брза имплементација на договорот за името“.

Тој повика на заедништво, но побара и заштита на новите земји членки кои треба да станат дел од Алијансата.

Самитот на НАТО ќе трае два дена, денеска и утре, а со него ќе заседава генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Целта и на овој самит е лидерите на сите 29 земји членки да се состанат и да донесат клучни одлуки со кои Алијансата ќе добие помодерна структура која на побрз начин ќе може да одговара на заканите кои доаѓаат.

 

 

 

 

11.07.2018 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега