Катимерини: НАТО ќе го повтори условот за Македонија
Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на нацрт верзијата на декларацијата на НАТО, до која се тврди дека дошол весникот, пишува дека на престојниот самит на НАТО Алијансата, на 11 и 12 јули оваа недела, Македонија повторно ќе добие само порака дека пристапувањето кон Северноатлантската алијанса ќе зависи од спроведување на договорот за името со Атина. Наводно, условноста ќе се забележела во членовите 59 и 60 од декларацијата, пренесува Алсат М.
Извори од Владата на Атина велат дека Грција и нејзините партнери го имаат истиот став во врска со ова прашање, а за истото било дискутирано и при телефонските разговори минатата недела меѓу американскиот потпретседател Мајк Пенс и премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа