Позната состојбата на бебето кое вчера беше однесено со скршеници по телото и главата на КАРИЛ

 

Едногодишното дете кое вчера беше однесено на КАРИЛ со скршеници на главата и нозете се наоѓа во стабилна состојба, соопштуваат од КАРИЛ, објави „Телма“.

Лекарите велат дека доколку добро напредува во следните 24 часа утре ќе биде префрлено на детската клиника. Од министерството за труд истражуваат дали станува збор за семејно насилство бидејќи девојчето имало крварење во мозокот и тешки скршеници на коските на нозете. Случајот во моментов е во рацете на социјалните служби кои засега не дозволуваат контакт на роднините со него.

По пријавувањето на случајот во полицијата 20- годишната мајка беше повикана на распит. Од МВР утрово за Телма велат дека продолжуваат со истагата кој го претепал бебето.

 

 

 

 

09.07.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега