Летото ќе го почекаме: Метеоролозите најaвуваат ново невреме

 

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност додека веќе од доцните попладневни часови облачноста ќе започне да се зголемува и атмосферата ќе се дестабилизира, најавува метеорологот Славчо Попоски.

Се очекува нестабилно време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Најмногу врнежи ќе има во западните и локално во источната половина на државава каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог за кратко време.

Локално ќе има услови и за ретка појава на град.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет додека маскимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени додека посвежо ќе остане на западот од државава.

 

 

 

 

09.07.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега