Со пластичен пиштол успеала да украде 90.000 куни

Хрватка „вооружена“ со пластичен пиштол е осомничена дека од јуни, па до средината на септември оваа година, од неколку банки, обложувалница и киоск во Загреб украла околу 90.000 куни.

Таа била „онеспособена“ од банкарски чувар при нејзиниот последен грабеж на експозитура на „Кроација банка“, по што и е предадена на хрватската полиција.

Триесет и четиригодишната загрепчанка во „ограбувачките поход“ одела маскирана со очила за сонце и капа, а по грабежите бегала со трамвај.

Членовите на семејството не знаеле ништо за нејзините криминални активности, иако таа тврди дека ограбените пари ги трошела на „домашните“ долгови, за децата и сопругот.

Судот и одреди едномесечен притвор под обвинение за  грабеж на три банки, една обложувалница и киоск.

 

Инаку, осомничената која работела во обложувалница, досега во три наврати беше жртва на грабежи на нејзиното работно место.

16.09.2013 - 15:48

најчитано сега