На муслиманка ќе и се суди со никаб
Британска муслиманка, на која и се суди за заканување на сведок, добила дозвола да седи со покриено лице во судот. Сепак таа ќе мора да го крене никабот кога ќе сведочи.
На нејзиното судење минатата недела, побарал од неа да го крене никабот заради нејзина идентификација. Но, таа одбила да го отстрани тврдејќи дека нејзините верски убедувања не и дозволуваат да го открие своето лице пред другите мажи во судот.
Бранителката Сузан Мик изјави дека барањето од судот би претставувало прекршување на човековите права на обвинетата, а и би било спротивно на британската традиција на толеранција на исламските обичаи.
Судот и дозволи на обвинетата да биде идентификувана во друга просторија од полицајка, а потоа да може да седи покриена со никаб.
16.09.2013 - 15:42