Македонија го одбележа 16 септември - Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка

Денеска Македонија го одбележa 16 Септември - Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. Манифестацијата се одржa во собраниската сала на Град Скопје, а свое обраќање имаа министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

- Нашиот пат во заштитата на озонската обвивка е трасиран пред 16 години со формирањето на Канцеларијата на озонската обвивка во Министерството за животна средина и просторно планирање. Како резултат на нејзиното постоење елиминирана е 99 отсто од потрошувачката на супстанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка во Македонија, рече Адеми.

Трајановски смета дека Македонија има завидни резултати во намалувањето на штетните влијанија врз озонската обвивка преку сите активности што ги презема Министерството за животна средина и просторно планирање, преку носење правни акти и правилници, изготвување брошури, обуки...- Граѓаните при изведбата на објектите да применуваат современи разладни системи со што ќе се надминат проблемите со актуелните начини на ладење, дел од кои се многу ефектно регистрирани од учесниците на конкурсот, рече Трајановски.

Во рамки на манифестацијата беа доделени и наградите за најдобри фотографии од конкурсот на тема „Заштита на озонската обвивка“. Прво место освои Снежана Домазетовска, второ Љупчо Илиевски, а трето Ангел Ситновски.

 

16.09.2013 - 15:39

најчитано сега