Ако има избори во Чешка паламентот ќе има седум политички партии

Најновото истражување на агенцијата СТЕМ, покажа дека доколку овој месец ако се одржат вонредни парламентарни избори во Чешка, парламентот би имал претставници на седум политички партии .

Според анкетите, победник би била Социјалдемократската партија (ЧССД) со освоени 76 мандати. Со голема разлика зад неа, се Комунистичката партија и досегашните владејачки партии ТОП 09 и Граѓанската демократска партија (ОДС), јави дописникот на МИА од Прага.

Петпроцентниот изборен цензус би го пречекориле и Партијата за правата на граѓаните, на актуелниот претседател Милош Земан, Христијанско-демократската унија (КДУ-ЧСЛ), како и новоформираното здржение во кој членуваат видни општествени и политички претставници „ДА“.

Според изборниот модел на СТЕМ, левоориентираните ЧССД и комунистите би освоиле 30, односно 15 проценти (34 пратенички места) од гласовите. За партијата ТОП 09 на поранешниот министер за надворешни работи и неуспешен кандидат за претседател, Карел Шваценберг би гласале 12 проценти од граѓаните, со што би добила 31 мандат.

Десно ориентираната ОДС би освоила неочекувано мал број гласови - 11 проценти и само 22 пратеници.Добиените резултати од анкетата говорат за тоа дека последната корупциска афера во која беа вмешани најблиски соработници на поранешниот партиски претседател и премиер Петр Нечас очигледно влијаат кај електоратот.

Здружението „ДА“ би освоило 15 пратенички места, односно 7,7 проценти од гласачкото тело, Партијата на Земан - 7,4 проценти односно 14 претставници во Парламентот, а претставниците на КДУ-ЧСЛ 5,5 проценти гласови или осум пратеници.

Како што соопштуваат од агенцијата, статистичките податоци се со три процентна грешка. 

Во споредба со анкетите во претходните месеци, забележано е губење на поддршката и кај десничарските и левичарските опции.

ЧССД изгубила 4,4 процентна поддршка, додека за ОДС сега има 5,1 проценти помала поддршка од гласачите.

Изборите во Чешка ќе се одржат на 25 и 26 октомври, и се претпоставува дека излезноста ќе биде 59 проценти.

Околу осумнаесет проценти од граѓаните не сакаат да учествуваат во гласањето, а 23 посто се уште не знаат дали ќе се изјаснат за избор на претставници во чешкото Собранието.

16.09.2013 - 15:36