Лицата со попреченост уживаа во Црна Гора
Викендов заврши вториот дел од летувањето на деца и млади со попреченост од Македонија за рехабилитација и рекреација на море во местото Добре Воде, Црна Гора.
-Целта на летувањето е на лицата со попреченост да им се овозможи поинаков вид на рехабилитација и социјализација имајќи во предвид дека Јадранското приморје делува позитивно врз нивното здравје, потенцира Далиборка Златева претседател на Здружението на денешната прес-конференција.
Инаку, во месец јуни и во месец Септември заминаа по 16 лица од Велес, Штип, Скопје, Градско, Гевгелија и Прилеп заедно со своите придружници кои имаа целосно бесплатен престој, освен патот кој го платија нивните родители.
16.09.2013 - 15:16
Фото:
панорамио