Започна судењето за "Фаланга" - обвинетите го негираат делото

 

Денеска започна судскиот процес против директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман  кој беше уапсен во големата полициска акција Фаланга.

Како што пренесува Канал 5, денеска сведочеа петмина обвинети кои го негираа делото дека продавале артефакти, додека за издавањето на дозволи за врешење на ископувања рекоа дека се се правело со знаење на МВР. 

Првообвинетиот во Фаланга 2, Илче Бојчевски, истакна дека Совесно  и чесно работел во Управата и низ својата кариера стекнал многу непријатели токму поради борбата против кражбите на културното наследство. И останатите обвинети негираа дека на било каков начин учествувале во злосторничко здружение, дека вршеле илегални ископувања или дека одземале археолошки предмети, пренесе Канал 5.

Паско Кузман на почетокот на судењето кажа дека претходно добил условна осуда од една година затвор.

Извор: Канал 5

 

16.09.2013 - 15:00
Фото: 
Сител

најчитано сега